Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против две лица, А.К. во својство на сопственик и управител на едно правно лице од Валандово, како и против самото правно лице и Ј.Т. во својство на управител на друго правно лице од Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “Намерно предизвикување стечај” по член 254 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Причина: Должел 4,75 милиони евра и не сакал да ги плати па припремил постапка за лажен стечај.
Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека првопријавениот A.K. во својство на сопственик и управител, како и овластен потписник на сметките на правниот субјект, во период од 2020 до 2023 година, со цел и со однапред утврдена намера да избегне плаќање на финансиски обврски кон повеќе правни субјекти, а во најголем дел кон странски правен субјект во износ од 289.617.022 денари и Управата за Јавни приходи за износ од 883.283 денари, презел противправни дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска немоќ и со тоа да ја оневозможи наплатата на долговите од страна на доверителите.

- „Со цел создавање привидна правна основа за оптоварување на имотот на друштвото, првопријавениот склучил договор за закуп со друг правен субјект со кој исто така управувал. Иако договорот не бил реално реализиран, ниту сметководствено евидентиран, по неговото еднострано раскинување во 2023 година биле евидентирани пенали во износ од 233.700.000 денари, врз основа на кои бил запишан товар врз имотот на друштвото. По приговор на доверителите, Основниот граѓански суд Скопје издал времена мерка со која било стопирано извршувањето, се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција.
Откако не успеал во намерата за отуѓување на недвижниот имот, првопријавениот, со помош на третопријавениот Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај на друштвото, при што биле префрлени 4.000.000 денари по основ на позајмица, средства кои претходно биле примени од правен субјект основан од сопругата на првопријавениот, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото.



















