Нови достигнувања на македонските млади надежи. Најновата вест ни доаѓа од Америка по учеството на Дарјан Мирчевски, како единствен претставник од Македонија на меѓународна математичка Олимпијата „Коперникус“.
Тој во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот освои ПРВО место во категоријата за својата возраст и образовен статус, односно ученици од VI и VII одделение.
Олимпијадата се одржа од 14 до 18 јули годинава во Њујорк, САД, на Универзитетот „Колумбија“.
Дарјан Мирчевски е ученик од основното училиште “Јаха Кемал” во Карпош, Скопје и горд носител на ЗЛАТНИОТ медал од престижната математичка олимпијада “Коперникус” за оваа 2024 година.
Во категоријата за шесто и седмооделенци, соред критериумите на Универзитетот “Колумбија”, покрај Дарјан Мирчевски, златен медал освоија и неговите врсници математичари од Јапонија, Казахстан, Британија и Монголија.
Честитки за златниот математички олимпиец од Македонија и уште многу успеси!