Денеска пристигнуваат две добри вести за нашата сограѓанка Елизабета Гуцева која се бори со рак на дојка и е на специјалистико лекување во странство: отворен е телефонски број за донации на мобилниот оператор Т-Мобајл и општина Гевгелија најави донесување одлука за одвојување финансиска помош за лекување на гевгеличанката Елизабета во странство.
Бројот со кој при секое бирање можете да донирате 100,- денари преку операторот Т-Мobile е 143- 137.
Одлуката за одвојување финансиски средства за медицинско лекување во клиника во странство со средства од Буџетот на општина Гевгелија треба да донесе Советот на општина Гевгелија, на најавената прва седница за 2023 година закажана за 30 јануари.
Со предлог одлуката се планира да бидат одвоени 300.000 денари за лекување на Елизабета и помош за нејзината битка за подобрување на здравјето.
Се очекува советниците да ја прифатат одлуката едногласно како и секогаш кога станува збор за помош на наши сограѓани за хумани потреби, а во случајот се работи за здравје и надеж на Елизабета. Одлуката би стапила на сила веднаш со денот на усвојувањето, а средствата ќе бидат исплатени на донаторската денарска сметка на Елизабета која е наменета за нејзиното лекување во странство.
Помошта доаѓа Елизабета!
Гевгелија е со тебе!