Препознатливот глас на „Македонското радио“ подоцна и спикер на „Македонската телевизија“ Симон Беличанец, познат доајен на македонското спикерство почина вчера на 82 години од животот.
Својот професионален и работен век целосно го посвети на Макеонската Радио Телевизија.
Беличанец е роден на 2 јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, гимназија, но и нижото музичко училиште.
Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а за време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер.
Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Тој бил водител на повеќе музички манифестации.
Погребот на Симон Беличанец ќе се оддржи утре на градските гробишта во Бутел.