Македонски девојчиња од Југот на Mакедонија пеат “Македонско девојче” во Италија.
Ова се златните грла на членките од вокалната група “Мusic soul” од Гевгелија кои освоија ПРВА награда на 21-от музичкиот фестивал “Римини Фест” во Италија.
Вчера тие заедно со другите учесници на фестивалот имаа фестивалско дефиле низ градот и вака со песна за убавините на Македонија ја поздравија тамошната публика.
Браво за Слободанка Арнаудова, Билјана Дуева, Ангела Зафирова, Ања Поп-Костова, Ивана Коколанска, Анастасија и Глорија Зафирови.
Браво за посветениот музички ментор Маја Зафирова и се’ вкупно освоените 7 награди на “Римини Фест”, од кои 6 во соло пеење.
Македонски девојчиња – гордост сте наша!