И Белград има рекорд за ГИНИС !
Во главниот град на Србија, во петокот е соборен Гинисовиот рекорд кој претходно бил поставен во Токио во 2022 година, кога на едно место се собраа 178 луѓе со исто име и презиме Хироказу Танака.
Овој предизвик за ГИНИС го соборија 256 жени од Србија.
Сите имаат исто име и презиме – Милица Јовановиќ.
Во трговскиот центар „Биг Фешн“ се собраа Милиците, а на соборувањето на рекордот присуствуваше и претставникот на Гинисовата книга на рекорди, Глен Полард, кој на организаторите им предаде сертификат со кој се потврдува новиот рекорд.
Веста за соборување на рекордот на Инстаграм ја потврдил Роберт Чобан, директорот на компанијата која го организирала соборувањето на рекордот.
„Соборен е Гинисовиот рекорд! Благодарение на Милица“, напиша тој.
View this post on Instagram