Утрово со снежна покривка се дел од туристички центри во Македонија.
Со снег се разбуди Попова Шапка, наврна и во Делчево, најмногу на планината Голак и пограничните планински села. Снег има и во Македонска Каменица, Кратово, Берово и Пехчево,. Снег падна и на скопско Водно.
Од АМСМ известуваат дека снегот е причина за забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Кратово-Пробиштип. Поради настанатите услови на терен се препорачува возачите да го избегнуваат овој правец или да користат алтернативни патни правци. Забраната стапи урово во 07:00 часот.
– „Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот“, истакнаа од подружницата на Македонија Пат.
Гевгелија се разбуди со утринска температура од 6,3°C и ситен дождец.
Имајте убав ден, понеделнички, 11.11.’24