На 21. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која се одржува од 2 до 12 декември 2024 година во Букурешт, Романија, олимпијците од Македонија освоија 5 бронзени медали, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.
Освојувачи на медалите се:
– Никола Стојковски, ученик во прва година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје;
– Мила Порјазоска, ученичка во прва година во СОУ „Орце Николов“ во Скопје;
– Андреј Тасиќ, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје;
– Јаков Геговски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и
– Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Скопје
Од ДФРМ истакнаа дека на Олимпијадата успешно го претставила своето знаење и за помалку од 0,25 поени не освоила медал и Михаела Блажевска, ученичка во прва година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје
– „Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодаруваат на водачите и на сите оние што дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните, државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Голема благодарност и до Природно-математичкиот факултет и сите негови вработени кои во последниве три месеци активно се вклучија во подготовките на тимот“ – стои во соопштението.
Фото: ДФРМ