Новинарот Драган Павловиќ Латса на гостување кај Јутјуберот Стефан Лазаров споделува сеќавања за своето сексуално искуство, а всушност тоа е јавно признание за силување на кое и силувачот и водителот зајдуваат од смеење.
Социјалните мрежи се полни со реакции на ваквиот морален распад емитуван во живо со кое се величи силувачот, а жртвата е претсавена како „распад“.
„Силувачот и промоторот на силувањето ја силуваат јавноста“ – напишаа од Сеир споделувајќи дел од гостувањето на Латас на Јутјуб каналот на Лазаров:
Се огласи и Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје:
– „За двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.
Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи” и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство.“
Реагираше и Ирена Цветковиќ од Центарот за сексуална и родова еднаквост и маргинализирани групи која прашува „Кому му е смешно силувањето?“
- „Ова со Латас не смее да остане на тресла се гора родио се миш“… -се дел од реакциите на граѓаните на социјалните мрежи за јавното признание на Латас за силувањето.