Музичкото училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија вечерва организира концертен настан со двајца наши врвни уметници.
Тоа ќе биде концерт за флејта и пијано, на кој ќе настапат двајца музичките уметници, проф. Страшо Темков на флејта и проф. Елена Атанасовска Ивановска, на пијано.
Овој настан ќе се одржи на 4 март со почеток во 18 часот во хотел Аполонија.
– „Да уживаме во единствените интерпретации на класични и современи дела, кои ќе не воодушеват и инспирираат. Ќе бидат изведени дела од Моцарт, Дворжак и Рутер“ – се вели во поканата од ОМУ „Васо Карајанов“ која што ја упатуваат до сите љубители на музичката уметност да повелат на настанот.
Концертот е поддржан од програмата за култура на Министерството за култура на РСМ за 2025 година.