петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

мај 7, 2025
in ИНТЕРВЈУ, СПОРТ
Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“
0
SHARES
2.8k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Поранешниот фудбалер на Гевгелискиот фудбалски клуб „Кожуф“, со меѓународна фудбалска кариера и поранешен репрезентативец на Македонија Ристо Божинов, познат на навивачите по прекарот Бурда, денеска се огласи за вчерашниот натпревар „Кожуф“ – „Башкими“ со свое мислење и препорака.

Ова е втор пат во 15 годишното постоење на нашиот портал да разговараме со Божинов – првиот пат реагираше за одземањето на градското спортско игралиште за настапи на ФК „Кожуф“ и доделување на ФК „Миравци“ во далечната 2013 година, велејќи дека спречил да згасне Кожуф, или да се трансформира во ФК „Кожуф-Миравци“, а втор пат е последниот натпревар на кожуфските фудбалери и срамниот гол од Башкими на кој не реагираше ниту одбраната, ниту голманот.

Related posts

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

мај 9, 2025
Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025

GevgelijаNet: Г-дине Божинов, како долгогодишен фудбалер изнедрен од терените на ФК „Кожуф“, репрезентативец на Македонија и фудбалер со интернационална кариера, денеска сте се’ уште активни во спортот како актуелен советник на Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, г-динот Масар Омерагиќ. Од оваа позиција на советник за спортски прашања на највлијателната личност во фудбалот кај нас, кое е Вашето мислење за вчерашниот пораз на гевгелиски Кожуф на домашен терен со гол на кој не реагираше никој од домашниот тим?

Ристо Божинов: Од позиција на советник за спортски прашања на претседателот на ФФМ повикан сум да дадам свој коментар за вчерашната утакмица во Гевгелија помеѓу Кожуф и Башкими од Куманово.
ПОД ИТНО управата и сите што се инволвирани да си ДАДАТ ОСТАВКА! Тоа е најмалку што можат да сторат после вчерашната БРУКА на теренот. И, ДА СЕ ИЗВИНАТ на ПУБЛИКАТА! Затоа играат на празни трибини.
ФК „Кожуф“ последните 10-15 години игра така, не само сега, туку сите управи функционирале на таков начин: „Тука да земеме, таму да продадеме!“ – вели поранешниот фудбалер на „Кожуф“ Ристо Божинов, разочаран од однесувањето на новата генерација челници на Кожуф.

GevgelijаNet: Сите коментари на социјалните мрежи се со згрозеност дека натпреварот е „наместен“, „предаден“ на гостинскиот тим Башкими. Која е поентата нашите фудбалери да се бламираат на домашен терен пред домашната публика, кoja пак, колку и да е скудна на трибините, гласна е на социјалните мрежи?

Ристо Божинов: Кожуф настапува во Втората македонска лига и егзистира некаде на средината од табелата. Опстанокот во лигата не им е загрозен. Бодовите од победате не им требаа, но им беа од важност на „Башкими“ од Куманово за да влезат во Прва фудбалска Лига на Македонија. Но, спортот е спорт, а не бизнис како што го претворија луѓето кои го водат „Кожуф“, тоа не се луѓе, туку ботови без морал, без грижа за напредок на фудбалот и престиж со спортски резултати.

На теренот го видовме тоа што го видовме. Институциите си имаат Закони, Статути и ќе си постапат по нив. Во ваков случај законските постапки и санкции се ригорозни. Јас го сакам „Кожуф“ и сакам да помогнам, со тоа што се огласувам за вистината во клубот и не можам да и’ застанам на правдата на патот, затоа што од секогаш сум на страната на правдата.

Жал ми е што во „Кожуф“ има 200 до 300 деца млади фудбалери кои наместо напредок во спортот, ќе се соочат со санкции кои ќе им го попречат патот, или забрана за спорт на клубот како што се огласи Министерот за спорт Борко Ристовски вчера на социјалните мрежи. (ЛИНК од реакцијата на Министерот).
Од љубовта кон „Кожуф“ имам морална обврска да го кажам ова, за лошото водење на клубот 10-15 години наназад и водењето кадрова политика по „црвен телефон“. Еве до што не’ доведоа таквите раководни гарнитури на ФК „Кожуф“.

Министерот за спорт Ристовски: „На Кожуф и Башкими ќе им биде одземена дејноста спорт ако се потврдат сомнежите!“

GevgelijаNet: Се гордееме со традициите и податокот дека ФК „Кожуф“ е меѓу најстарите фудбалски клубови во државата. Минатата година одбележа 100 годишен јубилеј. Не е ли срамно на ваков начин, за „местење“, „продадени утакмици“ да се пишува за Кожуф во време на развој и негување на спортски подмладоци, а пред еден вак нашите фудбалери од Гевгелија да се борат за спортски резултат со скудна опрема, ама со воља да се истакнат на теренот? Мислите ли дека бизнисот, или мешањето на политиката ги растури приоритетите во гевгелискиот спорт?

Ристо Божинов: Жалам што на одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на ФК „Кожуф“ ниту градот, ниту управата најдоа за сходно да ме поканат на настанот, иако сум бил дел од „Кожуф“, од тука сум настапувал за „Брегалница“, за „Вардар“, за германски, па за грчки клуб и сум настапувал на ЕУРО 2000 како член на репрезентацијата на Македонија.

Моја препорака е политиката да се тргне од фудбалот. Во 2013 година реагирав за спас на „Кожуф“ да не стане „Кожуф-Миравци“, сега реагирам да се освестат управите и инволвираните за да не згасне клубот со санкциите кои по закон следуваат, се разбира ако се потврди сето тоа што публиката го виде и реагираше на социјалните мрежи, и воопшто низ цела јавност во Гевгелија денеска.

Ристо Божинов Бурда – реагираше за спас на ФК „Кожуф“ во 2013 да не се претопи во ФК „Кожуф-Миравци“ (Фото-архива)

Срам за Гевгелија е ова, Кожуф е закопан од поединци без морал. Имало луѓе таму и со чесни намери. Управата на клубот треба да носи спонзори, напредок на клубот, а не да чекаат Општината да им ги пушти парите од Програмата за спорт, а они да си разделат плата. Многу ми е криво, зошто мислам дека ФФМ и Министерството за спорт ќе одат до крај и „Кожуф“ ќе биде санкциониран. Жал ми е, но јас ја сакам правдата и немоќен сум да сменам нешто тука. „Кожуф“ е наш клуб, ама кога се работи за правдата ќе го прифатам тоа за да се стави крај на криминалот во фудбалот – вели Ристо Божинов Бурда, актуелен советник за спортски прашања на Претседателот на ФФМ.

Во 2013 Кожуф требаше да стане Кожуф-Миравци, јас го одбранив името на клубот, сега сакам да ја одбранам честа на името „Кожуф“ за новите генерации и новиот фудбалски век на гевгелиски „Кожуф“, затоа реагирам – го завршува разговорот Божинов.

Останува ФФМ и Министерството за спорт да ги кажат своите одлуки.
За да и’ овозможиме на читателската публика да донесе свое мислење, го споделуваме спорниот гол на „Башкими“ на градскиот стадион во Гевгелија против екипата на ФК „Кожуф“ Гевгелија, на мечот одигран вчера, 06.05.2025 година:

Под видеото стои објавата: „СКАНДАЛОЗЕН ГОЛ ВО ВТОРАТА ЛИГА: ДЕФАНЗИВЦИТЕ НА КОЖУВ СТОЈАТ, ГОЛМАНОТ НЕ СЕ НИ ОБИДУВА ДА ОДБРАНИ“

Натпреварот во Гевгелија заврши со победа на гостинот од 1-2, а победничкиот гол за „Башкими“ беше крајно сомнителен. На оваа тема се огласи и Федерацијата, која исто така најави сериозни казни за сите инволвирани во овој скандал.

 

Автор: Ј.Дојранлиева

ShareTweetShareSend
Previous Post

Градоносни облаци се истурија во Дојран

Next Post

Светот стравува од нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан: Може ли ситуацијата во Кашмир да доведе до војна?

Next Post
Светот стравува од нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан: Може ли ситуацијата во Кашмир да доведе до војна?

Светот стравува од нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан: Може ли ситуацијата во Кашмир да доведе до војна?

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

10-ти јубилеен планинарски марш „Томе Шутов Кротки“ – ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

10-ти јубилеен планинарски марш „Томе Шутов Кротки“ – ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

1 година ago
Ана Бегова победник на трка во Србија во сениорска конкуренција

Ана Бегова победник на трка во Србија во сениорска конкуренција

2 месеци ago
Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

2 години ago
УБАВ НОЕМВРИСКИ ДЕН во ГЕВГЕЛИЈА

УБАВ НОЕМВРИСКИ ДЕН во ГЕВГЕЛИЈА

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија
  • Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија
  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

мај 9, 2025
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist