Најмалата фудбалска ѕвезда од Гевгелија Јован Насев освои нов пехар и уште една титула „Најдобар стрелец“ на турнир во Халкидона, Грција.
На турнирот Јован постигна 7 гола и 3 асистенции.
Во првиот дуел со моќната екипа на „Ираклис“ од Грција екипата во која настапува Јован „АЕП Академија ПАОК“ победи со резултат 4:0, а Јован постигна 2 гола и две асистенции, значи 80% е заслужен за постигнатиот резултат.
Вториот натпревар беше против домаќинот „Халкидониа“ и истиот го добија со победа од 6:3. На овој натпревар Јован постигна три (3) гола и една асистенција.
Во финалето екипата на Јован се соочи со тимот на „Волос“ каде голот на Јован постигнат на 5 минути пред крај на натпреварот го донесе неговиот тим до победа и до освојување на шампионската титула на турнирот во Халкидона. Финалето заврши со резултат 2:1 за тимот на Јован. И двата гола за „АЕП Академија ПАОК“ од тимот на Јован ги даде малиот разигран гевгеличанец.
Погледнете го и овој гол: најмалото, највредното дете фудбалер на теренот во Грција не се збунува од ситуација на гужва пред гол и прецизно ја втерува топката во мрежата.
Јован пред некој ден наполни 8 години, а се натпреварува со деца од 10 -12 години. На 7 годишна возраст три пати ја освои титулата „Најдобар стрелец“ на три различни турнири во Грција, во категорија U10, иако тој имаше само 7 години. Но, талентот не запира со новиот роденден и полната 8-ка, Јован продолжува да ги тресе мрежите на противничките тимови и да освојува турнири и пехари за најдобар стрелец.

Ако ви здосади да читате за Јован и головите на Јован, свртете си нова рубрика за читање, зошто новата фудбалска ѕвезда во подем Јован Насев нема намера да запре со фудбалот, со головите, со играта, со радоста што ја слуша од трибините кога ќе постигне гол, со поздравите од клубските другари кои го обожаваат, со прегратките од школските другари кои се радуваат кога ќе го видат на училиште после успешниот натпреварувачки ден.
Јован е ученик во второ одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија и освен фудбалот го сака и другарувањето, пишувањето, детските игри и радоста која му го полни срцето.
Напред Јоване, продолжи да растеш и да нижеш успеси!