Меѓународниот турнир во рапид шах „МЕДИО ПЕТРОЛ 2026“ што се одржа вчера во Ропотово донесе уште еден висок пласман за Богољуб Златановиќ од Шаховкиот клуб „7 Ноември“ Гевгелија.
Турнирот има големо значење бидејќи се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ, така што се играше Швајцарски систем 9 кола со темпо 10 мин + 5 сек за потег.
Гевгелискиот шаховски клуб „7 Ноември 2021“ учествуваше со 8 шахисти. Нивниот пласман е следниот:
1. Златановиќ Борољуб – 6 поени, освоено 8 место, освоено 8 место и награда од 5.000 денари
2. Најдески Благојче – 6 поени
3. Петров Сарафчо – 6
4. Велков Илија – 5
5. Андонов Тодор – 4,5
6. Дачев Слободан – 4,5
7. Јованџиков Борис – 4,5
8. Ташева Зорица – 4
Првиот меѓународен турнир во забрзан шах „Медио петрол 2026“ одржа на 16 август 2026 година (недела) во ресторанот Медио Петрол во Ропотово, Општина Долнени. Победи 22-годишниот интер.мајстор Емил Ристески, кој освои 7,5 поени од 9 партии по дополнителни критериуми пред второпласираниот Дејан Ѓорѓиески. Победникот освои 35.000 денари, а второпласираниот 25.000 денари.


Борољуб Златановиќ (роден 1977 година) е истакнат шахист и меѓународен мајстор (ИМ), кој често учествува на шаховски турнири во Македонија и регионот.
Во својата шаховска кариера се стекнал со титулата Интернационален мајстор (ИМ) од 2014 година и FIDE тренер од 2015 година.
Неговиот Рејтинг: Има остварено врвен класичен рејтинг од 2502 поени (во 2018 година), а е познат и по своите успеси во брзопотезен и забрзан шах (рапид/блиц).
Од настапите во Македонија ќе ги издвоиме редовните настапи на меѓународни турнири во земјава (како што се турнирите во Скопје, Прилеп, Струга и Ропотово), каде што често освојува високи места и награди.
Златановиќ Борољуб како Интернационален мајстор од Србија го освои 4-то место на Третиот Интернационален Шаховски турнир во спомен на „Венци Попов“ за 2024 година што се одржа во Гевгелија. По преселувањето со работа и живеалиште во Гевгелија Златановиќ стана дел од тимот на ШК „7 Ноември“ и настапува за боите на Македонија.

Турнирот во Ропотово се одржа под покровителство на Шаховската Федерација на Македонија.



















