Мај е месец на прошетки, викенд посети, но и подготовки во разубавувањето на Дојран и дојранското крајбрежје.
Деновиве интензивно се работи на хортикултурно уредување на централните урбани точки, се косат тревници, се садат сезонски цвеќиња, се уредува паркот, шеталиштето и крајбрежната линија во Дојран.
Убавиот и дожлив мај придонесе за бујна вегетација, па косачите на трева имаа повеќе работа, а новонасадените цвеќиња бујнаа во раст и цут.
Се средуваат и постојните плажи кои имаат свои концесионери, а за останатите се погрижи општината. бидејќи тоа е општинска надлежност пред да ги дочекаат бројните летувалци.
Денеска на потег беше уредувањето и попесочување на плажата позната некогаш како „Златен брег“, во близина на некогашната „Струмичка плажа“ и плажата на ДТВ „Партизан“. Сега е во непосредна близина на „Мун бар“ каде летото има и лежалки за плажа, и лулашки за деца, и гарнитури за седење и кафе уживање.
Изорана е со трактор површината на плажата и посипана со песок за пријатен и мек престој на капачите на овој дел од дојранското крајбрежје. Воздухот чист, водата пријатно топла, како никаде на друго место во Македонија, па ќе дојде јуни, ќе навјасаат капачи, а Дојран ќе ги чека подготвен.
