Традиционалниот екстремно исцрпувачки маратон на планината Олимп во Грција беше спортскиот предизвик за атлетичарот Методија Ичев од Богданци кој беше единствен учесник од југот на Македонија на 21-от традиционален маратон на Олимп..
Како љубител на треил трките тој ја истрча трасата долга 44 километри со елевација од 3.350 метри за време од 9 часа и 36 минути. Тој е задоволен од резултатот и со насмевка го прими медалот за својот подвиг.
Маратонците не се раѓаат само во Спарта, еве ги има и кај нас, со тренинг, посветеност и истрајност на долгите самотни тркачки предизвици нив планините и ридестите терени кои сака да ги освојува под своите нозе Ичев. За Маратонот на Олимп вели дека тоа било брутално тешка трка со среќен крај.
Трката „Олимпус Вертикал“ ја отвори натпреварувачката програма на 21-от Олимписки маратон, а Јоргос Дијалектос и Димитра Бика се искачија на врвот и го освоија највисокото скалило на подиумот‼️
56 тркачи го дадоа својот максимум на почетокот од оваа тешка трка, докажувајќи дека олимписката планина е немилосрдна‼️
View this post on Instagram
Планинскиот маратон има и своја магичност во прекрасните зелени предели на планината на Боговите, каде според митологијата владеел Зевс, Богот над боговите. Погледнете еден фрагмент од трката:
Вака изгледа трасата за искачување до врвот на Олимп според официјалната стаза на „Олимпискиот Маратон 2025“.
View this post on Instagram
Честитки за успешно завршениот маратон за Методија, кој всушност истрчувајќи 44 километри за една трка на Олимп, всушност истрча два пати олимписка маратонска траса од 22 километри. Ова е подвиг!