Вчера изутрина на почетокот на неделниот ден се случи сообраќајна несреќа во која млад 18 годишен возач се здобил со тешки телесни повреди.
Во полицискиот извештај на ОВР Гевгелија е заведено дека на 13.07.2025 во 06:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Богородица и Стојаково, гевгелиско, патничко возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(18) од село Стојаково, излетало надвор од патот.
Од преземените мерки било утврдено дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно со 1.57 промили алкохол во крвта.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.П., констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.