Шведската активистка за животна средина и климатски промени Грета Тунберг веќе втор ден престојува во земјата. Таа вчера го посети Општествено-културниот центар во Тетово, што служи како инклузивен простор за младински иницијативи.
Преку социјалната мрежа Инстаграм таа потврди дека денеска се наоѓа во Скопје.
Во видео-обраќањето рече дека ќе се приклучи на дискусијата што вечерва треба да се одржи во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје, именувана како „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.
Веднаш потоа, додаде и дека ќе учествува на утрешна протестна блокада за спас на реката Дошница на Кожуф.
View this post on Instagram
Посетата на Тунберг во Македонија доаѓа по нејзиното учество на протест во Тирана, соседна Албанија. Таа таму им се приклучи на граѓаните што протестираа против страдањата на паленстинскиот народ предизвикани од Израел.
За време на протестот таа на албански јазик извикувала – Слобода за Палестина.
Во изјава ја истакнала алармантната состојба во Газа.
Тунберг во јуни беше депортирана од страна на Израел откако заедно со други активисти се обидела да достави симболична количина помош за Газа.