сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Од партијата Левица денеска се огласија со демант во врска со сообраќајната несреќа во која учесник и пријавител е нивниот пратеник: Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното
0
SHARES
632
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од партијата Левица денеска се огласија со демант во врска со сообраќајната несреќа во која учесник и пријавител е нивниот пратеник – м-р Сашко Јанчев. Во демантот тие го изнесуваат следново:

  • „Во интерес на вистината, а со цел јавноста да има точни и проверени информации, наместо тенденциозни спинови и лажни вести, во продолжение го споделуваме она што досега го знаеме од надлежните органи:

– Сообраќајната несреќа се случила ноќеска по полноќ, при удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина на патот, практично се забил во совозачката врата на автомобилот управуван од пратеникот Јанчев, кој во тој момент имал вклучен жмигавец за вртење десно (види слика од лице-место).
Според досегашните информации на очевидци, пратеникот управувал со возилото совесно, согласно сообраќајните правила и прописи, односно со пропишана брзина и НЕ бил под никакво дејство на алкохол (бидејќи Јанчев воопшто не ни пие алкохол)!

Related posts

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

септември 26, 2026

За жал, несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне, по што пратеникот на Левица постапил сосем присебно и одговорно и самиот лично повикал полиција и Брза помош, која на местото на настанот пристигнала дури по 40-на минути.
Во несреќата се повредени пратеникот Јанчев и негов сопатник (едниот со повреди на кичмата, а другиот со потрес на мозокот), како и малолетна сопатничка на возачот на моторциклот. За жал, малолетниот возач на моторциклот е најтешко повреден и е пренесен на болничко лекување.

Изразуваме длабоко жалење за оваа трагична ситуација и упатуваме искрени желби и намери до семејството на повредениот млад човек за негово што побрзо и целосно оздравување. Стоиме на располагање и тука сме за било што, што е потребно во процесот.
Апелираме до младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот и секогаш да се придржуваат до правилата, со цел да се избегнат вакви сериозни несакани ситуации во кои страдаат сите инволвирани“ – се вели во демантот на Левица.

Од партијата упатија повик за доследен одговор од институциите:

– „ Ги повикуваме институциите чесно, одговорно и без притисоци да си ја завршат својата работа на крајно професионален начин.
Посакуваме ова никогаш и никому да не му се случи и изразуваме најискрено и длабоко жалење за инцидентот“ – истакнуваат од Левица.

Инаку, во текот на денот Јавното обвинителство во Скопје објави Одлука со која на Јанчев привремено му се одземаат патната исправа и возачката дозвола, со што му се ограничува можноста да ја напушти државата и повторно да управува моторно возило. Целта на ваквите мерки е да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка, која што денеска ЈО ја отвори против него во врска со сообраќајката во Марино, општина Илинден, – се наведува во Соопштението од Јавното обвинителство-Скопје.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

Next Post

Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

Next Post
Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пекарите попуштија – Од утре леб и за 33 денари

Пекарите попуштија – Од утре леб и за 33 денари

4 години ago
Празнично и работно – Еколошка акција на младите од ГТК-Гевгелија

Празнично и работно – Еколошка акција на младите од ГТК-Гевгелија

3 години ago
Хуманитарен ракометен спектакл „Сите ѕвезди“ со играч од Богданци, Стоилов

Хуманитарен ракометен спектакл „Сите ѕвезди“ со играч од Богданци, Стоилов

4 години ago
Велики петок испочитуван од верниците во Гевгелија

Велики петок испочитуван од верниците во Гевгелија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist