петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Шаховскиот клуб Гевгелија организира прв „Младинскиот Гранд При 2023″

Турнирот започнува денеска и ќе се организира секој месец додека на крајот на 2023 не се прогласат најдобрите младинци шахисти до 14 годишна возраст во Гевгелија

март 18, 2023
in СПОРТ, ФОКУС
Шаховскиот клуб Гевгелија организира прв  „Младинскиот Гранд При 2023″
0
SHARES
415
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По неполни годинаипол од своето основање шаховските ентузијасти од Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија за денеска амбициозно го закажаа организирањето и одржувањето на Првиот младински шаховски Гранд При турнир 2023 година..

Стартот е во 17:00 часот во просториите на ШК „7-ми Ноември“ Гевгелија. Веќе се пријавени 11 кандидати за учество на турнирот, а организаторот најави дека секој младинец, родени 2008-2012 ќе бидат добредојден и примен за уество на турнирот доколку има желба да се соочи на шаховската табла со своите врсници.

Related posts

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

мај 9, 2025
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

мај 9, 2025

За почетоците и неуморниот од на овој релативно млад клуб на љубители на шахот во Гевгелија разговаравме со претседателот Пепи Танчев.

– „По речиси дводецениско отсуство на организарана шаховска форма во нашиот град и општина како шаховски клуб постоиме од 7 ноември 2021 година . Од тогаш на клубот освен сениорите 25 активни шаховски љубители му се придружија и млади на возраст до 14 години и веќе имаме активни 25 младиннци од 5то до 9-то одделение. За тоа беа заслужни организираните училишни натпревари по шах во основните училишта во Гевгелија и Негорци. Првите шесмина рангирани од трите училишни турнира, значи 18 на број ни’ се придружија во нашите активности како шаховски клуб“ – вели за GevgelijaNet претседателот на гевгелискиот ШК, Пепи Танчев задоволен што на овој древен спорт му се придружуваат и младите.

Пепи Танчев – претседател на ШК „7-ми Ноември“ Гевгелија

За иницијативата за „Младинскиот Гранд При турнир 2023“ Танчев истакна:

– „Еден од главните приоритети на нашиот Шаховски клуб од самото отварање, беше грижата и едукација на младите. Па, во тој контекст решивме од овој месец (Март/2023) паралелно со сениорскиот Гранд При 2023 да започнеме со организирање на Младински Гранд При 2023.Турнирите ќе ги организираме секој месец, за да во Декември 2023 го добиеме најдобриот младинец од нашата општина. Право на настап ќе имаат сите од 5 одд. па се до 9 одд.или родени 2008-2012 година“ – истакна Танчев.

Темпото на игра ќе се одвива 10 мин.+ 5 сек по играч, а секој учесник може да се натпреварува без котизација. Шаховскиот клуб за првите 5 ќе обезбеди вредни награди.

Покрај едукацијата на млади шахисти, мотивација за ваков Младински Гран При 2023 е и успешното учество на двајца младинци од Гевгелија на минатогодишното државно првенство во Прилеп од каде Лана Трајкова и Кристијан Кавазов се вратија со освоени трети места и Бронзени медали во женска и машка конкуренција.

– „Гевгелија има шаховска традиција која за жал замре некаде пред две децении. Како младинец шахист ми недостасуваа турнирските шаховски средби, па дури 2021 година заедно со Најдески Благојче и Слободан Дачев станавме иницијатори и основачи на ШК „7-ми Ноември“ Гевгелија. Нашата доброволна организаторска работа гледаме дека е препознаена како позитивна реакција од 50-та шахисти кои станаа наши редовни членови и учесници на турнирите. Минатата година бевме организатори на Меѓународен меморијален турнир во чест на Венци Попов. Наши гевгелиски шахисти учествуваа на регионални и државни натпревари и се враќаа со вредни поени и исвоени места. Сето тоа укажува дека желба за подем има, па нашите усилби да го издигнеме шахот во општината на респектабилно ниво е на вистински пат тоа и да го достигнеме“ – објаснува претседателот на ШК од Гевгелија, Танчев.

Екипа од ШК „7-ми Ноември“ Гевгелија на Купот во Прилеп 2022За да го прошират теренот на своето докажување во полето на шахот ШК од Гевгелија конкурирал во Агенцијата за млади и спорт за добивање статус – Спортски клуб од облста на шахот. Овој месец апликацијата е одобрена и ШК „7-ми Ноември“ официјално влегува на листата Спортски шаховски клуб што ја води АМС. Овој статус им дава можност да земат учество на турнирите кои ги организира Шаховската Федерација на Македонија, но и да учествува на конкурсите на АМС за доделување ваучери за финансирање на спортските активности на клубот.

– „За оваа година конкурсот за доделување ваучери го пропуштивме, но за следната се надеваме со спортските резултати ќе бидеме препознаени и ќе имаме можност да очекуваме ваучери за финансиска поддршка на нашата спортска шаховска програма. Но, затоа пак по втор пат се најдовме во Порограмата за финансиска поддршка на спортските организации и клубови од општина Гевгелија за 2023 година. Корисна е и помошта од општина Гевгелија со доделување на сегашните простории на користење за одржување на нашите спортски активости“ – вели амбициозно за понатамошните планови претседателот Пепи Танчев и за поддршката која ја добиваат шахистите од Општината и компаниите во градот.

„Младинскиот шаховски Гранд При 2023“ почнува во 17:00 часот.
Шахистите на маса пред шаховската табла ќе ги докажуваат своите знаења, а ние на сите им посакуваме брзи мисли, промислени потези и да победат најдобрите.

Со овие најави на претседателот на ШК од Гевгелија од шахистите изгледа дека допрва ќе очекуваме успеси, а можеби и некои мајсторски титулари.
Таблите се поставени. Среќно!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Запленети лекови и икони на ГП Дојран

Next Post

Горан Пандев доби Златна Бубамара за спортска легенда, цела арена на нозе

Next Post
Горан Пандев доби Златна Бубамара за спортска легенда, цела арена на нозе

Горан Пандев доби Златна Бубамара за спортска легенда, цела арена на нозе

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиски атлетичари учествува на градските трки „Велес трча“

Гевгелиски атлетичари учествува на градските трки „Велес трча“

6 месеци ago

Jaнуарските патувања и празнувања го донесоа „Кракен“ во Гевгелија

2 години ago
Македонскиот автомобилист Иџе со фантастична победа во Шпанија

Македонскиот автомобилист Иџе со фантастична победа во Шпанија

2 години ago
Гевгелија во бело – снегот на југот донесе прекин на сообраќајот кон Богданци

Гевгелија во бело – снегот на југот донесе прекин на сообраќајот кон Богданци

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија
  • Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија
  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

мај 9, 2025
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist