По добивањето на Решенија за избор на член на Советот на општина Гевгелија од Страна на ОИК денеска во 11 часот е закажана Конститутивна седница на новиот состав на највисокиот орган на локалната самоуправа во Гевгелија – Советот на општината.
На советничките столчиња ќе седнат 11 советници од листата на ВМРО-ДПМНЕ, 4 советника од листата на СДСМ, 2-ца од Левица, 1 член од ЗНАМ и 1 член од МААК.
Првата конститутивна седница на Советот ќе ја отвори и води до изборот на нов претседател на Советот, највозрасниот член од 19-те избрани, а тоа е Елена Хаџи-Николова од листата на ВМРО-ДПМНЕ.
По изборот на Претседател на Советот понатамошниот тек на седницата ќе го води тој (или таа).
Четиригодишниот мандат на советниците кој започнува да им тече од денеска со гласовите на граѓаните го добија претставници на пет политички партии со своите коалиции:
1. Димитар Вегов, Анета Стамкова, Георги Петков, Зоран Димитров, Надица Ристовски, Игор Илков, Борче Стојков, Павлина Минова-Ичева, Елена Хаџи-Николова, Ѓорге Попов, Сара Маркова (од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ), потоа
2. Александар Киров, Каранфилка Алчинова, Цветан Нелоски и Елизабета Сивова (коалиција на СДСМ(),потоа
3. Николчо Петров и Михаил Тодоров (од Левица),
4. Борче Нечевски (движење ЗНАМ) и
5. Ристо Ѓоргиев (од МААК).

Во составот на новиот општински Совет има и претставници на кои ова им е втор мандат како членови на Советот, а ги има и со трет мандат во составот на Советот. Тоа се:
– Ристо Ѓоргиев претставик од МААК кој до сега бил претставник во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ (2013-2017), на граѓанската независна листа предводена од Кичуков (2017-2021) и денеска како претставник на партијата МААК (2025-2029).
– Со еден мандат зад себе и повторен избор на ЛИ 2025 се советничите: Ѓорге Попов, Елена Хаџи-Николова и Игор Илков (ВМРО-ДПМНЕ), Елизабета Сивова (СДСМ), Николчо Петров (Левица) и Борче Нечевски (ЗНАМ).
Седницата започнува денеска 31 октомври, во 11 часот. На седницата ќе се верификува мандатот на новоизбраните советници, ќе се изврши избор на претседател на Советот и ќе се именуваат членови во работните тела на Советот- постојани комисии. На истата присуствува и новоизбраниот градоначалник на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Успешна работа за доброто на граѓаните на Гевгелија и населените места!



















