По повод 7 номври, денот на ослободувањето на Гевгелија од фашизмот и општински празник денеска најмалите, децата од Детската градинка „Детска радост“ ја посетија општинската зграда и тамошните вработени и ги упатија првите честитки за празникот.
Традиционелано, како што е ред, тие понесоа и поклон, колаж изработен од децата, грбот на општината и две дечиња, со што ставија печат на својата посета на искреност, пријателство, добредојденост.
Ова е традиционално најубавата и најсаканата честитка која ја добива градоначалникот на општината пред почетокот на празнувањата на 7 Ноември и 81 годишнината од ослободувањето на Гевгелија..
За повеќе нека зборуват насмевките, слатките бонбонки кои ги добија дечињата, развиорените знаменца и убавиот ден исполнет со најубавите гости – прилог Фото:




















