Неделава што измина во Радовиш се одржа Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица, натпревар во организација на Спортската федерација на слепи лица на Македонија.
На првенството учествуваа екипи од Тетово, Скопје, Прилеп, Охрид, Штип и Гевгелија.
На првенството во финалните натпревари учествуваше и шаховскиот тим од Спортскиот клуб „Аурора“ при Здружението на слепи лица од Гевгелија. Тие се изборија за петотот место во екипен состав. Фаворит за пласман и високо котирање на тимот од Гевгелија беше младата Лана Трајкова која е државен младински вицешампион во својата категорија во шах, но за жал оправдано беше отсутна од натпреварот.
Гевгелиската екипа на квалификациите ја претставуваа: Трајков Лазо, Димов Трајче, Трајкова Лана и Солаков Миле. Но, поради обврски во училиштето, гевгелискиот фаворит Трајкова Лана не можеше да учествува на финалето и беше заменета од Стојановска Татјана. Од тие причини на тимот од Гевгелија им промакна да го постигнат посакуваниот и очекуван резултат, па завршија на петтото место.

Честитки за учеството, за пласманот, повеќе среќа во идните натпревари. Важно е што оваа категорија на лица имаат спортски порив, интерес за активација и активно присуство на организирани настапи со учество на свои претставници.

Со достигнувањата на СК на ЗСЛ „Аурора“ денес го одбележуваме Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, 3 декември.




















