Со шарениот воз на Македонски железници најсаканиот гостин на децата Дедо Мраз точно на пладне денеска пристигна на Железничката станица во Гевгелија и овде им подели бонбончиња на децата кои го пречекаа на перонот.
По запознавањето со дечињата Дедо Мраз се упати со украсено возило до центарот на Гевгелија да израдува уште, уште многу детски срца.
🎅 Хо, хо, хооо, колку убав сончев ден во градот на југот, и радосен, и полн со поклони, и безброј насмевки!🎅🍬🍫



















