Неуморниот спортист, атлетичар, професор и тренер Влатко Семенаков во текот на месец јануари 2026 истрча 1.062 километри за хуманитарни цели, за собирање средства за спасоносно лекување на болното дете Костин Лешевиќ.
На донаторското трчање за хуманост учествуваа 800 тркачи од Балканот, а од Гевгелија се приклучи Влатко и истрча 4-то најдобро време од сите тркачи заедно. Иако не се бодува ниту наградува неговиот резултат, важно е што секој од исрчаните километри носат средства за болното дете, а Семенаков не се штедеше. И самиот како татко на две малолетни деца не можеше да се одврати од помислата дека може да помогне со својата атлетска и тркачка упорност.
- „Истрчав 1062км во Јануари, учествуваа 800 тркачи од цел Балкан достигнав до четвртото место, неможам да верувам на самиот себе што сум можел. Ова беше Божија сила и волја, ова не е да се докажувам, туку трчав да ја спасам душата и срцето на ❤️Костин Лешевич❤️ трчав секој ден по дожд, ветер, ладно, снег и после работа да достигнам повеќе километри затоа што километрите беа донирани и средствата беа дадени за боледувањето на Костин, Кога се работи за дете го забораваш заморот и болките. 🙏За ова се’ беше заслужен и Дарко Прошевски“ – истакна Семенаков.

Ова е навистина хуманитарна донаторска спортска посвета на Семенаков за болното дете истрчувајќи во просек по 34,25 километри секој ден од јануари за да се соберат средства за лекувањето на Костин.
Акцијата беше организирана од спортисти тркачи од „КТЈ“ клуб од Србија. Учествуваа 800 тркачи од целиот Балкан, вклучувајќи и некои европски држави.Тркачите беа поделени во групи, од кои една од групите беше наименувана како „Македонија“, додека Влатко Семенаков трчаше за групата „Деца неба“ како единствен претставник од Македонија во оваа српска група. Трката започна на 1-ви јануари и траеше до 31-ви јануари заклучно до полноќ. Предизвик за секој тркач -хуманитарец беше што повеќе истрчани километри и високо рангирање во силната конкуренција.
Во групата Македонија имаше уште тројца наши претставници од Гевгелија:
– Јован Петров со истрчани 550 километри и освоено трето место во групата „Македонија“
– Трајче Динев со истрчани 146 километри
– Марјан Туртуров со истрчани 118 километри,
како и Влатко Семенаков со истрчани 1062 километри и освоено 4-то место во генералниот пласман на поединец.
Влатко Семенаков изјави дека самиот неверува во постигнатото и покрај силната конкуренциј од овој дел на Европа и дека со Божја помош, сопствена желба и волја и над човечки напори успеа да се надмине себе си.
- „Бев инспириран од трогателната приказна за Коста, на кој очајно му беа потребни парични средства за понатамошно лекување. Трчав по исклучително лошо време, во зимски услови, по снег, дожд и студ и на некаков чудесен начин најдов сила да го истрчам секој ден од месец јануари и да ги надминам сите предизвици. Морам да напоменам дека голема подршка и разбирање имав од моето семејство во текот на целиот месец, а посебно би се заблагодарил на мојот клубски колега Дарко Прошевски кој неуморно ми правеше друштво кога ми беше најтешко” – изјави за GevgelijaNet спортистот-хуманитарец Влатко Семнаков.

Секој истрчан километар од оваа акција беше откупен од донатор. Од целата хуманитарна акција вкупно беа истрчани и донирани два милиона и двеста илјади динари.
Со успешниот исход на Акцијата болното дете Костин се упати на лекување во Шпанија.
Секоја чест професоре Семенаков – ЧОВЕК со големо СРЦЕ!
Честитки за сите учесници. Сите заедно сте донатори за здравјето на Костин!





















