На 29 ноември 2021 година започна да функционира првата оформена Лекарската комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице создадена да одговори на потребите на жителите од регионот Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово.
Трочлената комисија сочината од лекари специјалисти од Општа болница Гевгелија одобрена од Министерствто за здравство, а во соработка со Министерството за труд и социјала преку разгледување на стручните дијагнози утврдува според закон кои граѓани имаат потреба од дополнителна нега од друго лице. Нивното одобрување е виза МТСП и Центарот за социјални работи да одобрат парична помош на лицето за користење прво на нега од друго лице.
Ваквата своја здравствена и хумана мисија членовите на гевгелиската комисија си ја сватија сериозно. Д-р Прочков (спец.за физиотерапија), д-р Чочков (спец.интернист) и д-р Здравеска (спец. невролог) во првите два месеца имаа навалица од барања кои требаше да се разгледат и оценат. Се разгледуваа по 25 барања дневно. Месечниот т.н. рекорд е 270 разгледани и проследени барања-одговори до МТСП. Годишниот учинок е – решени над 3.000 барања.
Своите барања граѓаните ги упатуваат до Комисијата во Гевгелија преку матичниот лекар со користење на системот „Мој термин“ . Резултатите од работата се одобрените илјадници барања, не само од Гевгелија и регионот, туку и од подалечните општини Велес, Гостивар. Предност на граѓаните е што преку системот „мој термин“ овде нашле слободен и близок по дата термин за упатување на своето барање за нега, а некои пациенти од други општини се „посреќиле“ со стручното мислење од гевгелиската лекарска комисија за одобрување на нега од друго лице.
Сето ова е за доброто на тешко болните и изнемоштени пациенти со дијагноза која утврдила дека не можат самите да ги обавуваат секојдневните животни потреби, па им е неопходна нега од друго лице. За ваквата одобрена нега МТСП одобрува паричен месечен надоместок од 4.711 денари.
Во државата корисници на него од друго лице се над 42.000 граѓани.
Со новооформената здравствена комисија гевгеличани и жителите од регионот се „спасија“ од трошоци за патување кон комисии во други здравствени центри, пр. Скопје, Штип, Струмица и чекање на термин и по неколку месеци.