Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Уште еден случај на семејно насилсто викендов беше пријавено до Полициската станица во Гевгелија во саботата утрото во 10:20 часот од страна на 31 годишна жителка на гевгелиско село која пријавила дека околу 01:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 33 годишен сопруг, при што и’ нанел повреди на телото. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Симптоматично е што овој продолжен викенд семејните расправии не мирувале во државата. Има вкупно регистрирано 12 пријави на семејно насилство, од кои во 6 случаи насилниците се приведени, а за сите случаи постапуваат органите на полицијата. Насилството нема возраст, причинители се лица од 21 до 73 години, а територијално семејни насилства имало викендов во Тетово, гостиварско, Скопје, Неготино, Струмица, Гевгелија и гевгелиско.



















