Со време од 43 минути и 55 секунди ДАРКО ПРОШЕВСКИ од Гевгелија, член на АК „7 Ноември“ истрча на Целта од трката на 10 километри на оджаниот „Спектратон“ овој викенд, во организација на Зегин.
Ова време му донесе пласман на трето место во категоријата мажи 50+, но без награда, само финишер медал од организаторот.
Дарко трчаше со темпо од 4:24 мин/километар, а најбрзо темпо имаше пред целта со 4:01 мин/1км. Тој во силната конкуренција од 245 учесника пристигна на 36-то место, но со трето најдобро време во категорија 50+. Организаторот не предвиде прогласување најдобри во категорија, но бројките и секундите од официјалните резултати го издвојуваат одличниот настап на гевгелискиот атлетичар Дарко на трката од 10 км, во својата возрасна категорија.
Дарко беше единствен претставник од Гевгелија на оваа трка.

На трката „Спектратон“ наречена „Трка на херои во сите бои“ на патеката од 5 километри настапија и тројца атлетичари од Гевгелија. Овде гевгелиските атлетичари истрчаа за следниот пласман:
1. АНДОН ДУЧКОВ – време 21:10 мин- Пласман 24-то место – (1986)
2. РИСТО РАДАНЛИЕВ – време 24:57 – Пласман 56-то место – (1996)
3. РИСТО КОТЕВ – време 45:01 – Пласман 206-то место – (1958) АК „7ми Ноември“.

Ова време екипно од 1:31:08 час, им донесе 14-то место екипно на гевгеличани. На трасата истрчаа вкупно 304 атлетичари.
Гевгелискиот атлетски клуб уште еднаш докажува дека има атлетичари кои знаат и во 30-та, 40-а и 60-та година од животот да трчат и да освојуваат нови цели, зошто во спортот е здравјето, дисциплината, поттикот, мотивацијата за успех и севкупна енергија за напредок во животот.




















