Штотуку се потресе тлото на земјата во Гевгелија.
Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Европската макросеизмичка скала беше почувствуван во 20:08 минути по локално време.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 164 километри југоисточно од Гевгелија, на територијата на Грција, на 71 километар од Кавала.
Тектонското движење на тлото на земјата беше почувствуван брановидно со залулување од исток кон запад на три пати.
Граѓаните кои го почувствуваа земјотресот се потсетија на тектонското движење денеска почувствувано и во Скопје околу пладне, но со послаб интензитет од 2,7 степени. Инаку, Европската мерна станица регистрирала точно 23 земјотреса на подрчјето на Грција во изминатите два дена. Посилните удари на текторнските плочи ги почувствуваа и граѓаните на Гевгелија. Веројатно се ова афтершокови. Земјата се смирува.
P.S.
По мануелната проверка на механички регистрираните потреси на Земјата податокот за силината на земјотресот што го почувствуваа гевгеличани вечерва е корегиран на 4.9 степени.



















