Тренерот победува, ученичката по атлетика зад петиците на учителот, за 30 секунди и’ промакна медалот за трето место на дебитантката Ана во дисциплината Дуатлон, во детската категорија. Важно ние знаеме дека Ана се одважи и во нова дисциплина Дуатлон, па нека му ја мислат догодина учесниците на ДП во дуатлон, дали ќе се радуваат пак тие, или и атлетската надеж на Македонија, 11 годишната АНА БЕГОВА.
Две дисциплини во една трка, трчање и возење велосипед неделава беше победничка за Влатко Семенаков, спортист, атлетичар, велосипедист, спортски професор, тренер од Гевгелија кој се искачи на ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ во категоријата „Мастерс 2“ за мажи.
Со време од 1 час, 00 секунди и 55 стотинки Влатко во еден здив истрча траса од 5 километри, потоа возеше 20 километри со велосипед и последната траса беше повторно со трчање на последните 2,5 километри. Се вкупно делница од 27,5 километри „помината“ во еден час трчање и возење за ПОБЕДНИЧКИОТ ПЕХАР кој отиде во рацете на гевгелискиот атлетичар Влатко Семенаков, член на АК „7 Ноември“ Гевгелија.. Овој резултат претставуваше соборен личен рекорд за Влатко, за 8 минути подобро од ланската година.

Оваа трка беше во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија и претставуваше Државно Првенство во Дуатлон за мажи, жени, деца, сениори и мастер класа. Државното првенство се одржа и под името Meморијал „Ѓоко Кузмановски“ – Државно првенство во Дуатлон на Македонија за 2026.
Во дисциплина за деца настапи за прв пат 11 годишната Ана Бегова, член на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ Гевгелија. Таа трчаше траса од 1.25 km возеше велосипед 5km и повторно трчаше траса од 650 m, се’ вкупно делница од 6,9 километри. Ана ја совлада оваа делница за 20 минути. За да се искачи на подиумот за трето место и’ фалеа само 30 секунди, колку што доцнеше зад третопласираната.
Сепак ова е дебитантски успех на АНА. Важно ние знаеме дека Ана се одважи и во нова дисциплина Дуатлон, па нека му ја мислат догодина учесниците на ДП во дуатлон, дали ќе се радуваат пак тие, или и атлетската надеж на Македонија, 11 годишната АНА БЕГОВА.

– „Со голема посветеност и спортски дух, го претставивме својот тим и покажавме одлична подготвеност и издржливост. Овој настап претставува значајно искуство и поттик за нејзината иднина и спортски успеси“ – вели тренерот на Ана, Влатко Семенаков.


На Дуатлон ДП на Македонија настапи и Ѓорге Лазаров од АК „7 Ноември“ Гевгелија и освои 5-то место во категорија „Мастерс 2“ со време 1:12:44 h.
Браво за победникот Влатко, за дебитантката АНА на чекор до подиум и за успешното пласирање на Ѓорге!





















