Изминатиот викенд 23 и 24 мај во Чачак, Србија се одржа втората трка од мотокрос шампионатот „Алпе Адриа“. Се возеше на патеката „Јасен“, а резултатите се бодуваа за Српскиот и Босанскиот Шампионат.
Овде настапија и членови на „Мотокрос клуб Гевгелија“. Боите на гевгелискиот „Мотокрос клуб “ ги бранеа двајца возач во две различни категории.
Саше Трајков во класата MXB ги заврши двете трки на ТРЕТО место и со тоа освои подиум за трето место и бронзен медал.
Вториот претставник од Гевгелија беше Милан Стојанов кој настапи во класата MX. Првата трка ја заврши на 7-то место, а втората на 4-то. Генералниот пласман го заврши на ЧЕТВРТАТА позиција.
Натпреарот се одржа во организација на „Терморад“ Чачак кои се потрудиле за добри перформанси на натпреварувачката патека „Јасен“.
Ова е прв настап на гевгелиските морокросисти на натпревари годинава и не застануваат тука.
Наредниот викенд 30 и 31 мај ќе настапат на Третата трка на Европскиот BMU која според календарот треба да се одржи на патеката Гајце. Тое е место во грдчето Крешево, близу Сараево, Босна и Херцеговина.
Овде ќе настапат Саше Трајков во класата MX и малиот Драган Димов во класата MX65.
– „Очекуваме добри резултати и безбедна трка“ – изјавуаат од „Мотокрос клуб Гевгелија“.




















