Реконструкциските работи за подобрување на електричната мрежа продолжуваат во Гевгелија и во текот на утрешниот ден и на почетокот од следната недела.
ЕВН Македонија – КЕЦ Гевгелија најавува прекини на елекричната енергија поради планирани работни зафати за утре 28 мај од 08:30 до 15 часот, за два реони од градот Гевгелија. Тоа се:
- Улиците „Мирче Ацев“, „Ристо Фршинин“ од Алчин до пред Паноров мост, ул. „Рајко Жинзифов“, ул. „Самоилова“, „Мечкин камен“, дел од ул. „Илинденска“, кај Градската капела, дел од ул. Ѓоко Тутушев“, дел од ул.„Васо Карајанов“.
- Вториот реон со планиран прекин нА електрична енергија е: дел од Плоштадот – Јужната страна од кафе „Бариста“ до слаткарницата „Шар планина“, ул. „Страшо Пинџур“, ул. „кирил и Методиј“, дел од улицата „Ристо Фршинин“, дел од улицата „Васо Карајанов“, околу Градската библиотека.
Овие прекинувања се за ден четврток 28 мај и ќе траат 6,5 часа од 8:30 до 15 часот.
Кафе седенки низ центарот нема да бидат можни, освен муабет со сокче, кисела вода, или овошна салата. Чувајте го кафе дружењето за попладнето кога ќе дојде електирчната енергија за подготовка на експертско префинето кафе.
Третиот прекин на елекроснабдувањето во Гевгелија е планирано за ден понеделник, 1 јуни и ќе започне од 08:35 часот се до завршувањето на работите, планирани до 15:00 часот. Реонот што ќе остане без струја овие 6,5 часа е:
- улица „Димитар Влахов“ (зградата на Општина Гевгелија, Основниот Суд, маркет „Кит-Го“, „АЏИКО“, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, УНИ Банка, и останати институции во тој комплекс, А1, Телекабел и др.) потоа ул. „Јосиф Јосифовски“ до Градското игралиште, ул. „1 Мај“, „Ѓорги Велков“, Старата Градска чаршија, ул. „Маршал Тито“ (од оптика „Маја“ до Кафе „Корнер“).
ЕВН- КЕЦ Гевгелија ги известува граѓаните за прекинот во електроснабдувањето за тие да ги прилагодат своите работни и дневни обврски со недостаткот на електрична за да избегнат деловни штети, изгубени работни часови, нервози од неиспланиран ден. Одложете ги работите кои зависат од електрична енергија и испланирајте го денот без загуби.



















