Во четвртокот, (28.05.2026 год.) пазарен ден и раздвижен ден во Гевгелија во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед управуван од малолетник удрил во пешак.
Мопедот бил со гевгелиски регистарски ознаки, управувам од 16 годишен малолетник од Гевгелија, а повредениот пешак е В.С.(57) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17 годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско. Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.



















