Младиот 14 годишен атлетски првенец од Југот Антонио Каракабаков остава печат со своите резултати и на Балканските атлетски игри за деца 2026, што се одржаа викендов во Чуприја, Република Србија.
Овде како претставник од Македонија Антонио учествуваше во три атлетски дисциплини и понесе ДВА Сребрени медала за освоено ВТОРО место во следните категории:
– 🥈АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – Сребрен медал, дисциплина скок во далечина, во категорија Пионери родени 2012-та;
– Втор сребрен 🥈 медал – трка од 300 метри и поставен нов ЛИЧЕН РЕКОРД докажувајќи дека границите ги изместува кон невозможното!
– 📌 Освоено четврто место за АНТОНИО КАРАКАБАКОВ на 60 метри и постигнат нов ЛИЧЕН РЕКОРД со истрчани 7:89 секунди, што значи подобрување од 10 стотинки од најдоброто свое постигнато време!


Условите во Чуприја не беа баш наклонети за натпреварувачите, но македонскиот тим од Атлетскиот клуб „Аеродром“ во чии бои настапи и Антонио, оствари одлични резултати, со освоени вкупно 4 медали.
Носители на медал, покрај Двата Вицешампионски за Антонио, се:
– 🥈МАРКО БОГОЈОСКИ – скок во далечина, категорија Пионери родени 2011г. и
– 🥈 ЈОАНА ЦИЛИМИНГАС – сребрен медал во фрлање ѓуле и нов ЛИЧЕН РЕКОРД!

– „Ова е историски прво учество како претставници на МАКЕДОНИЈА и веднаш со напад по медали и освоени 4-ри втори места“ – велат од АК „Аеродром“.
- „Овој Балкански натпревар е доказ дека подготовките за „EUROPEAN ATHLETICS KIDS GAMES 2026“ во aвгуст се на одличен пат кон освојување и на Европа не само на Балканот! 🇲🇰 Четирите медали и радоста ја споделуваме со сите поддржувачи на нашите пионери и посветените на нив, родителите, тимот и сите помагатели“ – изјавија од АК „Аеродром“ од Скопје.

Македонскиот тим од АК „Аеродром“ на “BALKAN ATHLETICS KIDS GAMES 2026”
На атлетските игри во Србија настапија и:
– ИВАН САВЕСКИ, кој истрча перфектно на 300 метри со подобрување на резултатот и нов ЛИЧЕН РЕКОРД со 3 секунди подобар резултат!!!
– НИКОЛА ТЕРЗИОСКИ, со нов пристап во трките и ЛИЧЕН РЕКОРД со подобрување од 1.5 секунди во трката од 300 метри!

Честитки за достојното претставување на Македонија!
Честитки за атлетската стрела од Југот, Антонио – момчето од Стојаково, кое Македонија го гледа како своја атлетска надеж за нови достигнувања во атлетиката со боите на Македонија!




















