Средношколецот Стефан Младеновски од СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија овој месец настапи на Меѓународната економска олимпијада што се одржа во Кина 2026, заедно со МКД тимот: Теа, Венеса, Оливера и Ѓеорги.
Во периодот од 12 до 20 јули 2026 година, се одржа 9-та Меѓународна економска олимпијада во Шенжен, Кина. Македонскиот тим освои бронзен медал и второ место на IEOx „Youth Talks“ на ова престижно меѓународно натпреварување!
Македонскиот тим го сочинуваа:
• Теа Ангелова, II година, „Меѓународно училиште НОВА”, Скопје
• Ванеса Томова, I година, ПСУ „Јахја Кемал”, Скопје
• Оливера Џамбазова, II година, СУГС „Орце Николов”, Скопје
• Стефан Младеновски, III година, СОУ „Јосиф Јосифовски”, Гевгелија
• Георги Јаковлев, III година, ПСУ „Јахја Кемал”, Струга

Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска Барандовска и ас. м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математички факултет – Скопје.
Бронзен медал и второ место на IEOx Youth Talks освои:
• Теа Ангелова

Исто така, со одличен настап ја претставија Македонија:
• Стефан Младеновски
• Оливера Џамбазова
• Георги Јаковлев
• Ванеса Томова
Натпреварувањето се состоеше од три дела:
• Економија и финансии – прашања со повеќе одговори и отворени прашања
• Изработка на бизнис план

Во конкуренција од 56 земји и над 260 натпреварувачи од целиот свет, нашите претставници постигнаа извонредни резултати!
Водичите на тимот ги поминаа квалификациите за жири, имаа предлози за прашања со повеќекратни одговори и отворени прашања од кои сите беа прифатени, а активно учествуваа и во евалуацијата на бизнис плановите во првата фаза.
Подготовките беа реализирани од водичите на тимот во соработка со експерти од:
• Народна банка на Република Северна Македонија
• Државен завод за статистика
• Комисија за хартии од вредност
• Агенција за супервизија во осигурувањето
• Македонска берза
• ВФП Фонд Менаџмент
• Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп.

Помагатели на македонскиот Економски Олимписки тим за Кона 2026 беа:
• Општина Гевгелија, Flamingo, Intertec, WVP Fund Management, Фондација Global Macedonians, КИБС, NLB Банка, MAGNA, Општина Охрид, Техноскоп алати и Кожувчанка.
Честитки за вредниот македонски економски Олимписки тим!




















