АМБУЛАНТАТА во Стар Дојран почнува со работа од утре 30.07.2026 год.
Истата ќе пружа лекарска и медицинска помош секој ден од 08:00 до 20:00 часот.
Во амбулантата ќе работи стручен медицински тим на лекари и медицински сестри од ЈЗУ Општа болница Гевгелија, ЈЗУ Здравствен дом Струмица и ЈЗУ од Валандово.
Амбулантата е лоцирана во центарот на Стар Дојран, наспроти Градскиот пазар и функционирањето на истата е од голема важност за здравствената грижа на летувалците, посетителите, транзитните гости и сите кои летово престојуваат во Дојран.
Новината ја објави градоначалникот на општина Дојран Илија Тентов изразуасјќи благодарност за отворената соработка со Министерството за здравство.
– “На сите вас ви посакувам мирен, безгрижен и пријатен престој, а на медицинскиот персонал помалку работа. Дојран го добива тоа што го заслужува!!!” – истакна Тентов.



















