Големиот пожар што избувна во областа Локва Рогозница вечерта на 13 август се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа.
Членовите на Доброволното противпожарно друштво „Трогир“ објавија снимки од центарот на пожарот, кој изгледа страотно.
Огнот пеплоса куќи, автомобили, остави очај како ќе преживеат тие кои ја пребродија огнената катастрофа, 40-на лица се повредени бегајќи од огнот, осум лица се на респиратор и се борат за живот, а регистрирана е и една жртва, 34 годишната Драгана од Босна и Херцеговина која била на привремена работа во Хрватска.
Големиот пожар се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ, исто така, потврди за Net.hr дека пожарот на Дуги Оток е локализиран. Тој, исто така, даде информации за состојбата во другите пожарни подрачја.
– „Испративме канадер во Омиш за малку да го натопи врвот на планината. Има чад во близина на Омиш, но веќе нема опасност од пожар“, рече тој.



После огнената ноќ останаа уништени куќи, уништен имот, уништен живот кој треба да се обнови…





















