Вчера попладне, на 21.09.2026 во 17:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локален пат за с.Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа.
Учесници во сообраќајката се патничко возило „Шкода“, управувано од Д.Ш.(42) од с.Стојаково и мотоцикл „Јамаха“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Л.П.(27) од с.Стојаково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Л.П., констатирани во Општа болница Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.



















