Македонскиот боксер и репрезентативец Ален Рустемовски го заврши настапот на Европското сениорско првенство во бокс во Софија, Бугарија 2026, со освоен подиум и БРОНЗЕН медал.
Рустемовски до медалот стигна по три победи во исклучително тешки мечеви, совладувајќи и двајца боксери кои важеа за фаворити. Во полуфиналето беше поразен со судиска одлука 4:1 од претставникот на Украина, но и покрај тоа, бронзата за него има посебно значење.
🥊- „Целиот мој живот се борев за овој момент. Освојувањето сениорски европски медал беше еден од моите најголеми соништа, заедно со желбата еден ден да освојам медал и на Светско првенство и на Олимписки игри“, порача Рустемовски.
Тој е горд што после 20 години носи Европски медал за Македонија.
– „Посебно сум горд што по 20 години успеав да донесам европски медал за Македонија. Овој медал не е само мој, туку на сите што беа покрај мене, веруваа во мене и ми даваа сила да продолжам напред“, порача македонскиот боксер.

Ова е голем успех за македонскиот бокс, а Рустемовски важи за една од нашите најголеми надежи во боречките спортови.
Во август годинава Ален освои БРОНЗЕН Медал 🥉и на Медитеранското боксерско првенство во Италија, а денеска во Софија, Бугарија освои Европска БРОНЗА 🥉.
Желба му е да настапи и на Олимписките игри.



















