Царински службеници на граничен премин „Богородица“ запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Контролата е извршена со полициски службеници.
Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“.
Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Царинската управа известува дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.
Опасниот, редок и непријавен товар бил под седиштата на возилото, покриен со марама.
Што се’ ги демне царинските службеници при извршување на своите работни задачи!? Погледнете го скриениот „товар“, фотодокумантирано од Царина.





















