Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија од 8 мај, започна со реализација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година.
Достапни се средства за финансика поддршка на невработените лица преку т.н. „Поддршка за самовработување“ – Претприемништво во износ од 5.000 и 10.000 евра.
За користење на средства од „програмата за самовработување“ можат да аплицираат:
– Сите заинтересирани невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го формализираат веќе постоечкиот бизнис имаат можност да аплицираат за учество во оваа програма со која ќе бидат финансиски поддржани во износ до 307.500,00 денари.
– Доколку две невработени лица сакаат се здружат и да започнат сопствен бизнис или да го формализираат веќе постоечкиот бизнис како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, финансиската поддршка изнесува до 615.000,00 денари.
Повеќе информации имате на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
ЛИНК до Оглас за активни мерки.
За реализацијата на програмите, мерките и услугите за вработување оваа година се издвоени најмногу финансиски средства во износ од 1.972.045.915,00 денари, а планирано е да бидат опфатени 18.056 лица.
Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.
Финансиските средства за самовработување се неповратни. Грантот ќе се добие на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства) со приложување на профактури за набавка на опрема и/или материјали и /или готови производи за понатамошна продажба согласно спецификацијата на бизнис планот;
Рокот за поднесување на апликации трае до 19 мај 2023 година.
Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.