На вториот ден од Националното триатлон првенство кое се одржува во Дојран денеска на стазите за пливање, велосипедизам и трчање излегоа 51 спортисти-триатлонци во категориите кадети, јуниори, сениори и мастерс категории. Меѓу учесниците имаше и 9 девојќи кои се натпреваруваа на истата траса како и машките учесници.
За прв пат годинава Националното триатлон првенство учествуваа и тројца гевгеличани од „Гевгелија точак клуб“, Даниел Коста и Дарко.
Организаторот денеска по завршувањето на трките ги прогласи и носителите на првите три места и добитниците на златен, сребрен и бронзен медал.
Еве ги победниците во посочените категории – односно носителите на прво место и златен медал на годинашното Државно првенство во триатлон:
Кадети- генерација 2008-2010 (вкупно 15 натпреварувачи)
Прво место жени – Тија Кукунешоска (време 41:43 мин)
Прво место машки – Сергеј Маљановски Арнаудовски (време 33:43 мин.)
Јуниори 2004-2007 – (вкупно 6 натпреварувачи)
Прво место жени – Олса Орани (време 1:30:49 h)
Прво место мажи – Стефан Делев – (1:06:39 h)
Сениори 2003 и постари- (вкупно 10 натпреварувачи)
Прво место жени – Александра танасовска (1:18:08 h)
Прво место мажи – Иван Трпчевски (време 1:01:43 h)
Мастерс 1974-1983 – (вкупно 20 натпреварувачи)
Прво место жени – Јасмина Антиќ -(време 1:15:49 h)
Прво место мажи – Бојан Наумовски (1:15:49 h)
Meѓу натпреварувачите имаше и учесници од Гевгелија: кои иако за прв пат се натпреваруваа во три спортски категории заедно тие остварија задоволителни резултати:
– Даниел Анчев – освои 5-то место во категорија сениори
– Коста Гелебешев – 8-ми во категорија „мастерс“
– Дарко Прошевски – 11-ти во категорија „мастерс“
Натпреварот се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со соорганизација на општина Дојран како домаќин, а во соработка и поддршка од Олимпискиот комитет на Македонија.
Дојран со топлата клима и 18-те температури целзиусови на топлата езерска вода ги привлекува триатлонците од рржавата, па општината Дојран веќе осма година по ред ја има домаќинската улога на Триатлон првенството на Македонија.
Централно место на збиднувањата беше Градската плажа од каде тргнуваа трките во пливање па се продолжуваше со велосипедската траса и се продолжуваше со трчање од „Романтик“ до „Партизан“ и „Сретеново“ до Граничниот премин.
Вчера, во рамките на првиот натпреварувачки ден на терените настапија децата од 5 до 10 години, па заедно со најмалите учесници бројката на спортисти/триатлонци годинава изнесуваше 80 учесника.
Се’ на се’ вчера и денеска Дојран беше центар на спортска триатлонска Македонија.