Недела, 5 април во терените на Водно и кањонот Матка се одржа традиционалната планинска трка со предизвик на трасите од 18 километри, на траса долга 30 километри и ултра маратонот од 50 километри.
Во сите три дисциплини, заедно со атрактивната детска трка учествуваа околу 580 атлетичари од земјава и уште 14 земји од регионот и светот.
На трасата од 30 километри ПРВО МЕСТО во категорија ветерани, меѓу жените од 55+ и’ припадна на ВАЛЕНИНА УЗУНОВА, долгогодишна атлетичарка и носител на трофеи од многу ридско планински трки низ државата.
Трасата од 30 километри освен што требаше да се истрча, беше и со елевација од 1600 метри што е посебно отежнување на спортскиот потфат. Валентина оваа трка ја заврши со време од 5 часа, 2 минути и 48 секунти и го завзеде подиумот за најбрза од сениорките-ветеранки.

Валентина е член на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија и секоја трка редовно ја посветува на болните од Пулмомална хипертензија за поголема видливост на нивните потреби за лекови и терапија која ќе им го олесни дишењето и животот. Така беше и денеска.

Најтрофејната атлетичарка од Југот, Валентина имаше успешна спортска година зад себе, имаше освојувано подиуми, трофеи, настапи и на Светското првенство во планинарско трчање „Masters Skyrunning World Champs“ 2025. Валентина беше првата спортистка по планинарско трчање од Богданци, член на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, стана дел од репрезентацијата на Македонија во Skyrunning и овде го освои високото трето место.
За овие достигнувања стана носител на ПЛАЌЕТА за Најдобра сортска репрезентативка од Југот за 2025 година, што ја доделува спортската редакција на GevgelijaNet.

Ете, со новите трофеи освоени годинава Валентина ги докажува своите неуморни спортски амбиции и продолжува со нови победи, докажувајќи дека наградите не се случајни, туку заслужени.
Продолжи со победите Валентина!




















