Во неделата на Национална Арена – Филип Втори Македонски се одржа турнир во штафетни трки во организација на Атлетската Федерација на Македонија, кој се бодираше за Државно првенство.
Овде, на штафетната трка 4 х 100 метри во пионерска конкуренција ПРВОТО место го освои тимот на АК „Аеродром“ од Скопје каде настапи и младиот атлетичар Антонио Каракабаков од с.Стојаково, општина Богданци.
Резултатот кој го постигнаа 4те момчиња од АК „Аеродром“ заедно со Антонио е 53 секунди и 45 стотинки и е најдобро време на трасата, со кое ја понесоа титулата ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ на шатафета 4х100м.
Шампионскиот шатафетен состав трчаше на 8-та патека која е со најширок лак од атлетската стаза и сепак се изборија за најдобар резултат. На подиумот резервиран за победниците се искачија:
🥇Прва измена: ИВАН САВЕСКИ
🥇Втора измена: НИКОЛА ТЕРЗИОСКИ
🥇Трета измена: МАРКО БОГОЈОСКИ
🥇Четврта измена: АНТОНИО КАРАКАБАКОВ.

Антонио веќе две години тренира и настапува во боите на АК „Аеродром“. Своите почетоци во атлетиката ги имаше како ученик на професионалниот тренер Тодор Анчев, беше член на АК „7 Ноември“ од Гевгелија, настапуваше и освојуваше подиуми, а од ноември 2024 година премина во АК „Аеродром“. Антонио во моментот е ученик, во години на развој и покажува силни амбиции да биде атлетска надеж на Македонија.
Сега се радуваме на победите во пионерска конкуренција, да ги реди победите и во сениорска и во репрезентативни настапи за Македонија!




















