Големиот „Мега Шопинг Парк“ во Гевгелија се приближува кон својата конечна реализација и отварање кон своите посетители, уживатели, купувачи од Гевгелија и поширокиот регион.
Со завршницата на овој „МЕГА Шопинг Парк“ кој претставува еден од најголемите инвестициски проекти во овој регион на Македонија со површина од 5 хектари, со над 20.000 метри квадратни корисна површина, нудејќи широк спектар на национални и интернационални брендови, се отвараат потребите за работно опслужување на сите присутни компании, брендови на самиот шопинг парк.
За таа цел, пред отварањето на овој нов шопинг центар, на 7. април ќе се одржи Саем за вработување во спортската сала ДТВ „Партизан“, каде заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат за работни места во продавниците за мода, обувки, спорт, убавина и здравје, техника, угостителство и супермаркет.
Ќе бидат присутни над 30 ексклузивни брендови, сите на едно место, кои во разговор за вашите способности и амбиции за работно напредување, ќе ги примат Вашите апликации за работа на големиот САЕМ за вработување на 7 април годинава во просториите на ДТВ „Партизан“ Гевгелија.
Шопинг ПАРКОТ ќе понуди широк избор на национални и интернационални брендови од различни категории, од услуги, до мода и здравје. Ваше е да одберете каде може работно да се вложите и кариерно да напредувате, затоа ПОСЕТЕТЕ го САЕМОТ за ВРАБОТУВАЊЕ на 7 април 2026 во Гевгелија.

Проектот „MEGA Shopping Park“е развиен и управуван од компанијата „A plus inzhinering“ ДОО, со цел да обезбеди разновидна понуда и нови можности за вработување за локалното население. Отворањето на „МЕГА Шопинг Парк Гевгелија“ се очекува да донесе значителен развој во економскиот живот на градот и да ја збогати понудата за потрошувачите од овој дел на Македонија. Оваа инвестиција претставува важен чекор во привлекувањето на познати трговски имиња и креирањето нови работни места.
ЛИСТА на БРЕНД компании кои ќе имаат продавници во МЕГА Шопинг парк“ – ОВДЕ!!



















