сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

ФК „Кожуф“ генерација 2017/18 не знае за пораз

Најмалите фудбалери на Фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија се на возраст од 8 и 9 години и се натпреваруваат во Детската лига на Македонија од Југоисточниот регион и до сега не знаат за пораз

април 3, 2026
in СПОРТ
ФК „Кожуф“ генерација 2017/18 не знае за пораз
0
SHARES
199
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Најмалите фудбалери на Фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија се на возраст од 8 и 9 години и се натпреваруваат во Детската лига на Македонија од Југоисточниот регион. Овде се натпреваруваат со спортски тимови составени од деца на нивна возраст и тоа од Валандово, Дојран, Струмица, Радовиш, од Фурка и Гевгелија.

До сега одиграле три кола и не знаат за пораз. Имаат постигнато 9 гола, а примиле 6. Имаат остварено победа над „Брера“ Струмица, нерешено со „Победа“ Валандово, а натпреварот со „Хоризонт“ Турново го добиле службено, бидејќи овој тим немал генерациски состав 2017/18 за да се натпреварува во ДЛ.

Нивен тренер и стимулативен фактор за успех на тренерот е Бојана Танова која со нив работи од септември 2025 година, ги потготвува за смела игра, за бестрашност и прецизност пред голот, за успех кој им носи радост на сите од тимот.

– „Како тренер на генерацијата 2017/18, сметам дека нашата улога не е само да ги научиме децата на основите на спортот, туку и да бидеме нивни поддржувачи, водичи и во одредена мера психолози. Работата со најмладите бара трпение, разбирање и многу љубов, затоа што токму во овој период се поставуваат темелите на нивниот карактер“ – изјави за GevgelijaNET тренерот Танова.

Тренинзите се одвиваат на фудбалските терени на ФК „Кожуф“

Бојана има зад себе 10 годишно искуство за работа со деца, таа е дипломиран професор по спорт и здравје, лиценциран тренер за фудбал со „А“ лиценца, некогашен член на женската фудбалска репрезентација на Македонија, помошник-тренер на Селекцијата на Македонија во женски фудбал 2019-2023. Професионалната определба за спорт ја исполнува како наставник по физичко воспитување во ООУ „Ристо Шулкев“ во Негорци веќе 8ма година по ред. Тренерските амбиции ги остварува преку работа со најмалата група деца од подмладокот на ФК „Кожуф“.

  • „Секогаш ги насочувам децата да спортуваат, без разлика дали тоа е фудбал или било кој друг спорт. Најважно е да бидат активни, да имаат здрави навики и да ја почувствуваат радоста од движењето. Спортот не е само игра – тој е начин на живот кој ги учи на дисциплина, почит, тимска работа и одговорност“ – изјави Танова.

    Малите фудбалери се загреваат пред натпревар на теренот во с.Прдејци
  • „Уште од најмала возраст, децата треба да се учат дека имаат обврски во текот на денот, но и дека преку играта и спортот можат да растат и да се развиваат во подобри личности. Преку тренинзите тие учат како да победуваат, но и како достоинствено да прифатат пораз, што е многу важна животна лекција.
    За мене, најголемиот успех не е само добриот резултат на теренот, туку насмевката кај децата, нивната желба да дојдат на тренинг и пријателствата што ги градат. Токму преку спортот тие создаваат врски кои можат да траат цел живот“ – вели тренерот Бојана Танова.

Најмалите фудбалери на ФК „Кожуф“ во претстојниот период ги очекува да одиграат уште 6 кола. Првиот следен предизвик е средбата и дуелот со детскиот тим на ФК „Дојранско езеро“ од Дојран. Натпреварот ќе се одигра во недела 5 април на игралиштето од ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, со почеток во 10:00 часот. Ќе се одиграат две утакмици, помеѓу генерација 2017 и помеѓу генерацијата 2018.
ВЕ ОЧЕКУВААТ за НАВИВАЊЕ!

Related posts

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

септември 29, 2026

Инаку, ФК „Кожуф“ Гевгелија како еден од најстарите Фудбалски клубови во Македонија (втор по старост) води грижа за создавање на свој фудбалски подмладок кој ќе ги замени сениорите во Македонската лига, тренирајќи со деца и млади во категориите:
– Детска лига
– Помлади пионери
– Пионери
– Кадети и
– Младинци.

Сите категории на подмладокот од ФК „Кожуф“ се активни и настапуваат на натпревари од своите возрасни категории. Најмалите од детската лига се ученици од II и III-то одделение и, иако тренираат само половина година веќе се сигурни на теренот, постигнуваат и голови, нижат успеси и се радуваат. Тоа е спортот за децата – ИГРА за РАДОСТ!

Им посакуваме успех и радост и понатаму!

П.С.
Немојте да заборавите да отидете да навивате за нив во недела!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ГОЛЕМ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА 7 АПРИЛ, НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА

Next Post

Кои брендови доаѓаат на Саемот за вработување на МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија

Next Post
Кои брендови доаѓаат на Саемот за вработување на МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија

Кои брендови доаѓаат на Саемот за вработување на МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Посветени и хумани за самохраните родители – Пиљара „Кај Кецот“

Посветени и хумани за самохраните родители – Пиљара „Кај Кецот“

4 години ago
Мики од Македонија го „запали“ студиото во „Ѕвезда Гранда“

Мики од Македонија го „запали“ студиото во „Ѕвезда Гранда“

3 години ago
ТОШЕ – ЅВЕЗДА КОЈА СВЕТИ БЕСКОНЕЧНО

ТОШЕ – ЅВЕЗДА КОЈА СВЕТИ БЕСКОНЕЧНО

8 месеци ago
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа

12 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist