Македонското девојче Тина Русева од Струмица вчера својот 21-ви роденден го прослави со нова победа во „The Voice of Germany“ на јубилејната 15-та сезона, посветена на легендарни гласови и ѕвезди.
Нашата македонска победничка во елиминационата фаза од вчерашното шоу својата победничка прослава ја продолжи дома – роденденски со нејзината мајка која објави видео, на кое се гледа моментот кога Тина ја прогласуваат за победник во елиминацискиот круг, а таа седната покрај телевизорот со торта во рацете ги дува свеќичките.
Тина Русева од Струмица, пред три недели ја воодушеви публиката и жирито со својата аудиција во германската верзија на музичкото шоу „The Voice“, а вчера повторно имаше моќен настап што ја направи победник во елиминациониот круг.
Тина, која избра да е дел од тимот на музичарот Нико Сантос, овој пат пееше евергрин од RUN DMC и Aerosmith – „Walk This Way“, но не сама, туку водеше музичка „битка“ со уште две девојки на сцената, за најдобрата од нив да помине во следниот круг и да стане официјално и дел од тимот на Нико.

По фантастичниот настап во елиминациската битка, нашата Тина беше прогласена за победник.
Таа откри дека оди понатаму преку фотка на својот Инстаграм, но откри и дека ѝ е роденден, а ова е нејзина роденденска победа.
View this post on Instagram
Прогласување на победникот – ТИНА од Струмица, од Македонија!
View this post on Instagram
- „Не можев да посакам подобар роденденски подарок“ – напиша Тина на социјалните мрежи.
Тина вчера наполни 21 година, а по шоуто, прославата ја продолжи дома, со торта.
Нејзината мајка објави видео, на кое се гледа снимка од моментот кога Тина ја прогласуваат за победник, а потоа таа со торта во рацете и венче на главата на кое пишува „Happy Birthday“, ги дува свеќичките на тортата.
View this post on Instagram
- „Понекогаш, сонот започнува во најмали нешта – во тишината на детската соба, со четка за коса што станува микрофон, со насмевка на малото девојче кое верува дека светот ја слуша“.
Така започнува приказната на Тина Русева од Струмица – девојката чиј глас денес одекнува на сцените на Германија.




















