Ултра маратонската трка на издржливост „ Punk’s Backyard Ultra“ и годинава традиционално стратуваше по трет пат на терените на Негорски бањи кај Гевгелија, со учество на 60 атлетичари од осум европски земји.
Освен Македонија, како домаќин на спортскиот настан, на стартот на трката беа и тркачи од осум држави: Србија, Грција, Косово, Бугарија, Германија и Црна Гора, за жал тркачите од Полска не пристигнаа годинава иако беа пријавени за учество.
Трката е меѓународна и на неа нашите македонски и гевгелиски атлетичари ќе ги испробаат својата кондиција и издржливост.
Настанот, воедно, е и Национално првенство на Македонија во Бекјард ултра трчање. Најдобриот македонски тркач или тркачка ќе биде прогласен/а за национален шампиони, а првите 15 македонски учесници ќе станат дел од репрезентацијата за меѓународни натпревари.
Овде се натпреваруваат и минатогодишниот победник Катерина Шиповиќ која истрча 201 километри и Жикица Ивановски кој беше победник на првата трка со истрчани 180 километри.
За организацијата на спортскиот брутално тежок настан за GevgelijaNet зборуват Дејан Крле, член на Здружението „Trex“, воедно директор на трката и Дарко Прошевски, член на АК „7 Ноември” од Гевгелија.



















