Главната вест е дека Гевгелија го има ДРЖАВНИОТ ШАМПИОН во мотокрос во класата МХ, Димитар Маџунков.
Изминатиот викенд 18-19.10.2025 на патеката Орман, Скопје, се одржа последната Мото Крос трка од Македонскиот шампионат за 2025 година.
Патеката беше на различен начин припремена од вообичаеното со што придонесе трката да биде многу потешка па физичката и психичката спремност беше многу битна кај возачите. Членовите на „Мотокрос клуб Гевгелија“ како и секогаш се вратија дома закитени со неколку пехари.
ДРЖАВНИОТ ШАМПИОН во мотокрос во класата МХ е Димитар Маџунков од на „Мотокрос клуб Гевгелија“.
Најмладиот член Драган Димов кој е дебитант во класата МХ65 го освои третото место на трката како и ТРЕТО место во генерален пласман за 2025 година во својата класа. Ова е голема мотивација за Драган да продолжи да тренира и напредува.
Саше Трајков кој се натпреварува во класата МХ2 каде што има побројна и помлада конкуренција, го освои исто така третото место и се врати дома со бронзен медал.

Претседателот на клубот Милан Стојанов, исто како и на предходната трка, заврши на 4 позиција во класата МХ.
Димитар Маџунков во класата МХ, го освои првото место на трката со што влезе во предност со поените за генерален пласман, и со тоа стана ШАМПИОН во класата за 2025 година.

– „Ова можеби е последната трка од Македонискиот Шампионат за 2025, но тоа не значи дека членовите на нашиот клуб ќе паузираат. Следува зима исполнета со многу тренинзи и дружба“ – велат од „Мотокрос клуб Гевгелија“.





















