Со истрчани 25 круга со вкупна должина од 167,65 километри, македонската атлетичарка Ивана Најдовска е ПОБЕДНИК на годинашното ТРЕТО издание на ултра маратонската трка „PUNK’S BACKYARD ULTRA“ 2025 што се одржа викендов во Гевгелија.
Екстремната ултра трка се трча во кругови од по 4 милји, или точно 6,706 километри со кратка пауза пред секој нов круг, а се трча се’ додека не остане последниот тркач кој сам ќе ја помине целта.
Годинава тоа беше Ивана која последниот победнички 25-ти круг го трчаше сама. Таа се’ до 24-от круг имаше конкуренција во грчкиот атлетичар Tassos Leonidis 🇬🇷 со кого трчаше до 160-от километар од трасата, но Леонидис се откажа од трката, а Ивана сама истрча точно на време цел победнички круг од 6,706 километри до ЦЕЛТА.

На целта ја пречека Жикица Ивановски, првиот победник на „PUNK’S BACKYARD ULTRA“ во 2023 година, на истата патека кај Негорски бањи Гевгелија. Еве го влезот во Целта на победничката Ивана Најдовска.
На трката настапија 60 атлетичари од осум европски земји. Освен генерален победник во меѓународна конкуренција Ивана годинава е и Национален победник на екстремната трка на издржливост „PUNK’S BACKYARD ULTRA“ 2025.
Најдовска ги поздрави спортските колеги од Грција и последниот кој ја придружуваше во 24 круг од трката, а се откажа, атлетичар Tassos Leonidis. Леонидис беше втор на трката и во 2024 година зад Катерина Шиповиќ која истрча 30 круга и вкупна должина од 201 километар. За две години, на едно кругче до победата, го победуваат македонските атлетичарки.
Честитки за победничката Ивана!




















