Ателската стрела од Југот, АНТОНИО КАРАКАБАКОВ од вчера носи нова Шампионска титула на Државно ниво – тој е ШАМПИОН на 1500 метри трка на Државното првенство за пионери што се одржа вчера во Скопје.
Антониот е одличниот ученик од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково, осмооделенец кој е најголемата надеж на Македонската атлетика и само со една година тренинг под капата на АК „Аеродром“ Скопје, после шампионската титула на 800 метри, а со своите 13 години пред три дена и трката на 5км ја истрча под границата од 20 минути, со резултат од 19 min 40 sek, сезоната ја круниса со титула: ШАМПИОН на Македонија на 1500 метри на Националниот крос натпревар одржан во Парк шумата Гази Баба -Скопје.

Во еден ден Антонио освои ДВЕ ПРВИ МЕСТА – тој како дел од екипата на АК „Аеродром“ придонесе пионерскиот атлетски тим на „Аеродром“ да ги понесе медалите за прво место во екипен пласман за млади пионери !!!

Антонио беше дел од тимот на АК „7 Ноември“ Гевгелија, а од ноември минатата година премина да тренира и настапува во боите на АК „Аеродром“ од Скопје со кои се почесто е на атлетските стази, на државни и меѓународни натпревари. Тренерите и управата на клубот се задоволни од потврдениот атлетски квалитет на Антонио кој се стреми за нови успеси:
– „Продолжуваме по планот и подготовки за зимската сезона која ни’ следи во битката за нови шампионски титули и рушење рекорди. Антонио е новата свежина во Македонската атлетика и чекори кон поголеми успеси“ изјавуваат од АК „Аеродром“.
Честитки за оваа спортска свежина која ја носи Антониот и новите негови ПОБЕДИ!




















